По кризата во Авганистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика европските земји да преземат одговорност за мигрантите што доаѓаат од Авганистан.

-Турција нема намера да стане европско складиште за мигранти, истакна турскиот претседател.

Откако талибанците минатиот викенд влегоа во Кабул, илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат Авганистан во страв од потезите на новите власти, кои најавија дека ќе се придржуваат кон исламските шеријатски закони, јавуваат британските медиуми.

Во последните недели илјадници лица влегоа во Турција откако талибанците ги зазедоа големите градови и провинции во земјата.