Денеска календарски запачна есента со сончево и многу топло време.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Утре, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, особено попладне.

Пороен дожд и грмежи се очекува и во понеделник.

Дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.