Фармацевтската лабораторија на Астра Зенека и ЕУ постигнаа договор за испорака на анти-ковид вакцини и го завршија судскиот спор што Унијата го започна минатата пролет поради доцнењето на испораките, објавија денеска двете страни.

До крајот на првиот квартал од 2022 година, Астра Зенека се обврза дека ќе испорача вкупно 200 милиони дози вакцина и ќе ја исполни нарачката од договорот потпишан пред една година, кој предвидуваше испорака на 300 милиони дози. На 27-те членки на ЕУ Астра Зенека веќе испорача околу 100 милиони дози до 30 јуни 2021, се посочува во соопштението од Еврокомисијата.

ЕК истакна дека испораките ќе бидат во согласност со договорот, кој беше постигнат во август 2020 година.