Европската унија соопшти дека поднела тужба против Кина во Светската трговска организација (СТО) поради дискриминаторски трговски практики кон Литванија.

Постапките на Кина се дискриминаторски и незаконски според правилата на СТО и ги кршат правата на извозниците и во Литванија и во другите земји-членки на ЕУ, бидејќи тие влијаат на литванските производи извезени од други земји на ЕУ, се вели во соопштението од Брисел.

Спорот меѓу Кина и Литванија избувна откако балтичката држава му дозволи на Тајван да отвори канцеларија во литванската престолнина Вилнус.