Од денеска се уникуваат ограничувањата за патувања меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка, соопшти синоќа унгарскиот шеф на дипломатијата, Питер Сијарто.

Во видео обраќање на Фејсбук тој кажа дека шефовите на дипломатиите на другите три земји во телефонски разговор се согласиле границите да се отворат утринава во 8 часот, пренесе агенцијата МТИ.

„На граѓаните ќе им биде дозволено да ги минат границите без негативен тест за коронавирусот и без задолжителниот карантин“, прецизира Сијарто.