Австрискиот канцелар Себастијан Курц побара да се фомира „Оска на волјата“ меѓу Италија, Германија и Австрија за да се справат со илегалната миграција и да ги обезбедат европските граници.

Доколку се прифати ова име тогаш тоа ќе биде мрачно потестување на Оската на силите од 1940 – воената алијанса на нацистичлка Геманија, Јапонија и Италија, пишува британски „Експрес“. Во написот се додава дека евроскпетикот (Курц), кој наскоро ќе претседава со ЕУ, и која јасно кажа дека проширувањето на Унијата не е приоритено прашање во моментов, бара земјите „да дејствуваат на време“ за да се избегне нова бегалска криза слична на таа од 2015 година.

Прашањето веќе добива сериозни размери меѓу членките на ЕУ – Италија и Франција се кавгаат, а постои и жесток внатрешен конфликт меѓу германските сестрински партии ЦДУ и ЦСУ. Министерот за внатрешни работи, Баварецот Хорст Зехофер сериозно ја предизвика канцеларката Ангела Меркел со неговиот мастер план за борба со азилантите, палн кој не го прифаќа Меркел. Сега состојбата е ни ваму ни таму, коалицијата е сериозно потресена и прашање е како ќе се излезе од таа криза – дали ќе има лични политички рани, или излезот ќе се бара во нови избори?

А Зехофер неодамна во Берлин имал добри разговори со гостинот од Австрија, Курц.

„Според нас ние треба да формираме „оска на волјата“ за борба со илегалната миграција. Среќен сум заради добрата соработка која сакааме да ја развиеме меѓу Рим (и министерот Салвини игра тврдо кон мигрантите н.з.), Берлин и Виена. Не треба да чекаме за да ни се случи катастрофа“, изјави по разговорите во Берлин австрискиот канцелар.

Курц е особено загрижен од „албанската рута“ која е една од новите патишта кон ЕУ и Виена. Тој, исто така рече дека прашањето со миграцијата ќе биде клучно прашање за време на претседавањето со Унијата во втората половина на 2018.

А во тој период Курц очекуива поддршка за планот и од Данска и Холандија, додека Унгарија, Полска, Чешка и Словачка имаат конзистентен став да примаат бегалци, односно не го спроведуваат системот на распределба по квота.

Во време кога Италија одби да прими брод со мигранти, Шпанија предупреди дека состојбата во ЕУ е таква што може да колабира шенгенскиот систем. Прашање кое неодмана го истакна и Меркел и предупреди дека еден од столбовите на ЕУ (Шенгенот) сериозно се ниша. Кога кон сето ова ќе се додаде и ударот кој го предизвика Брегизитот, како и тврговските рампи кои им ги поставува Доналд Трамп, јасно е зошто нервозата и напнатоста растат во Брисел.