Петровац на Млава во Србија го погоди олујно невреме кое придонесе до излевање на реките и обилни поплави откако пукнала браната на Бусурско езеро.

Мештаните стравуваат од можно полошо сценарио.

Вонредната состојба е проширена на тертиоријата на целата општина. Водената буица која носела се пред себе, причинила голема материјална штета на инфраструктурата и на имотите на мештаните.

-Нивото на Млава за два часа порасна за два метра. Се плашиме дека не очекува голем поплавен бран од правец на Жагубица – изјавил за Блиц уредник на ТВ Браничево кој ја следи состојбата од самото место.

До вчера напладне биле поплавени селата Лопушник, Орешковица, Табановац, Крвије, Велико и Мало Лаоле и голем дел од Петровац на Млава. Наредена е и евакуација на населението.

Надојдените локални рекички урнале неколку мостови, а во некои села веќе нема патишта.

На територијата на општината Петровац на Млава денес не работат градинките и училиштата.