Според официјалните статистики, англискиот јазик е далеку најважен странски јазик кој се учи во ЕУ, но францускиот претседатедел сака тоа да го промени. Wall Street Journal пишува дека Емануел Макрон планира „повторно да го стори францускиот јазик голем“.

Макрон се надева дека францускиот јазик ќе биде главен јазик во ЕУ наместо англискиот, во контекст на преговорите на Британија за излез од ЕУ, пишува Wall Street Journal потсетувајќи дека францускиот претседател за прв пат ја открил својата замисла во март годинава. Тој предлага враќање на работите во состојба во која биле пред 1973 кога Британија влегла во ЕУ.

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да го наметне францускиот јазик како главен јазик во европските институции, како што било пред приклучувањето на В. Британија во 1973 година.

Моментално, англискиот јазик се користи во 80 отсто од документите на ЕУ, францускиот во пет отсто, германскиот во два отсто итн.