Злогласниот лидер на пакистанските талибанци, Мула Фазлула е убиен во напад од американски дрон во провинцијата Кунар, потврдено е официјално.

Се смета дека лидерот на Тахере-е-Талибан (ТТП) дејствувал од своето засолниште во шумите во источен Авганистан уште од 2008 година.

Мохамед Радманеш, заменик портпарол на Министерствотото за одбрана во Кабул, за турската агенција Анадолија изјави дека Фазлула, баран од американскиот Стејт департмент од март годинава, е убиен во напад со дрон пред два дена.

Групата ТТП признала дека нивниот лидер е убиен. Теористичката група ги обвини авганистанските разунавачи, кои долго време биле под сомнеж на Пакистан дека го штитат Фазлула,дека  им ги предале информациите  на САД каде се крие нивниот лидер.

„Американскикте сили извршија противтерорстички напад на 13 јуни во провинцијата Кунар, во близина на границата меѓу Авганистан и Пакистан во кој цел беше висок лидер на одредената терористичка организација“, соопштија силите на САД во Авганистан.

Пакистанските медиуми оваа вест ја одбележаа како „крај на една ера на терористот“. Покрај низата терорисички напади во Пакистан врз војници и цивили, тој се сметаше за организатор на масакрот во 2014 година кога во едно воено училиште беа убиени 140 деца.