Центарот за управување со кризи информира дека утре без напојување со електрична енергија ќе бидат делови од скопските општини  Бутел и Ѓорче Петров.

Според извествањето добиено од ЕВН, утре од 08:00 до 10:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Рудо“ од броевите 47 до 65 во Општина Бутел.

Исто така, утре во периодот од 09:45 до 13:45 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мечкин Камен“ и „Сремски Фронт“ со околните улички во Општина Ѓорче Петров.