Иако анархистичките напади се малки намални во 2017 година во Европа, тоа сепак не е е случај со Грција.

Во извештај на Европол се наведува дека такви активности речиси исклучиво постојат во Грција, Италија и во Шпанија, додека пак во извешајот се истакнува дека таквите напади во Германија и во Франција се доведени во врска со анрахистички теористички организации кои оперираат во Грција.

Во истиот извештај објавен неодамна, се наведува дека екстремистички акции на анархистите во Грција и во Италија се сметаат за поттикнувачи на тероризам и се добра основа и за радикализација и за регрутирање, а притоа се подвлекува дека анархистите им даваат поддршка на затворените терористи.

Во 2017 година во Европа имало 24 напади од анархистички групи, а осум биле во Грција. Она што посебно се подвлекува во извештајот на Европол, е што во Грција анархистичко теористичкиуте групи имаат зајакнати оперативни можности и пристап до воено оружје.

Европол потсетува дека анархистички групи биле зад нападите во Германија и во Франција – со трофеи испратени до Волфганг Шојбле и до канцелариите на ММФ во Париз, како и вооружениот напад на седиштето на ПАСОК.