Дали таква би била и честитката на премиерот Зоран Заев и до Бугарите во Македонија, по повод бугарскиот празник, прашува иронично бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, по вчерашната најава на Заев за враќање на српскиот јазик во училиштата во Македонија.

– Денес граѓаните на бугарската заедница го слават празникот Националниот ден на Бугарите во РС Македонија, кој се слави на денот посветен на еден од најсветлите и најсветите луѓе во историјата на бугарскиот народ – Гоце Делчев. Со честитки до сите бугарски граѓани во нашата земја, ние се придружуваме на одбележувањето на празникот, што е дел од нашата традиција да ги почитуваме различните културни карактеристики во заедничкиот напор за градење просперитетна иднина за сите граѓани. Ги охрабруваме традиционално добрите односи со Република Бугарија и во оваа насока во Општина Центар се завршени сите претходни постапки за изградба на бугарски културен центар. Одиме чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на бугарскиот јазик и култура за кои веќе се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, додека наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение се во фаза на одобрување – за разлика од времето кога југословенската комунистичка партија на Тито ги укина во 1944 година. Ги отстрануваме од учебниците сите пасуси во кои Бугарите и Бугарија се прикажани како Татари-Монголи, окупатори, фашисти и непријатели на Македонците. Ние го потврдуваме бугарскиот историски идентитет на сите преродбеници и револуционери кои се декларираа како Бугари и го нарекоа нивниот јазик – бугарски. Ние ги споделуваме нивните борби, жртви, достигнувања и наследство како дел од заедничката историја на бугарскиот и македонскиот јазик. Испраќам најтопли честитки по повод Националниот ден на Бугарите во РС Македонија и нека бидат вечни името и славата на Гоце Делчев, под чија духовна заштита се слави овој ден“, напиша Ковачев во ироничната честитка со алузии на вчерашната на Заев.