Најдобрата судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски доби ново делегирање од Европската ракометна федерација.

Николов и Начевски ќе го судат првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу полската Висла и францускиот Нант.

Овој натпревар ќе се игра во градот Плоцк на 22 март со почеток во 20:45 часот, а делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

Во другите осминафинални двојки ќе се сретнат Алборг – ГОГ Гудме, Динамо Букурешт – Кил и ПИК Сегед-Веспрем.