Нови Сад јa освои десеттата позиција меѓу 24 најдобро опремени и украсени божиќни градови во Европа, според гласањето на порталот „Јуропијан бест дестинејшнс”.

На прво место за Новата 2020 година е унгарската престолнина Будимпешта.

Инаку, меѓу посетителите на страницата од Велика Британија, Русија и Бразил, српскиот „Новосадски Винтерфест” се наоѓа меѓу трите омилени божиќни панаѓури. Распеаната елка, купот со сено за детски игри и овошната кочија, се оценети како најзанимливи атракции на фестивалот.

Во изборот учествувале речиси 290.000 луѓе од 116 земји ширум светот.