Шарл Леклер ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Белгија која ќе се вози на патеката Спа-Франкошамп.

Леклерк возеше одлично во текот на квалификациите, а на крајот го извози најбрзиот круг со време од 1: 42.519, или 0,748 секунди побрзо од тимскиот колега Себастијан Фетел. Младиот возач на Ферари ја постигна третата пол позиција во неговата кариера.

Луис Хамилтон на последната тренинг сесија заврши во ѕидот, но сепак тимот на Мерцедес го оспособи неговиот болид за квалификациите, па Британецот може да биде задоволен од третата позиција.

Четвртото место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Валтер Ботас, додека Макс Верстапен беше петти. Во топ 10 се уште Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг, Кими Раиконен, Серхио Перез и Кевин Мангусен.

Главната трка за големата награда на Белгија стартува утре во 15 часот и 10 минути, според централнотоевропско време.