Вистинска бура се крена околу трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, пред се затоа што станува збор за фудбалска зделка тешка 108 милиони евра. Дури и вработените во Фиат штрајкуваат заради тој трансфер, но ….еден е Кристијано, но и навивачите на Јуве низ целиот свет знаат да вратат, да го поддржат својот тим и очигледно се задоволни што една легенда која на себе носи „златни копачки“, фудбалер кој во дресот на Реал даде 450 гола, дојде меѓу нивните редови.

За само една недела заштитиниот знак ЦР7, односите заштитината седумка на Роналдо, бројка која ја носи и на дресот во Јувентус, успеала да продаде над 500.000 дресови. А еден дрес чини 105 евра. За само една недела на дресови се заработени 50 милиони евра, што ќе рече пола од парите дадени за потписот на Кристијано се вратени.