Новак Ѓоковиќ го доби епскиот меч против Рафаел Надал на Вимблдон гранд слем турнирот. Мечот синоќа беше прекинат во 23 часот по лондонско време при резултат 2:1 за Србинот. Продолжението му припадна денес на шпанскиот тенисер, кој го изденачи мечот.

Ноле победи со 6-4, 3-6, 7-6 (11-9), 3-6 и 10-8 на Централниот терен а се играше со затворен покрив за условите да бидат исти како што мечот беше прекинат вчера.

Петтиот решавачки сет беше како фил на оваа тениска торта која траеше повеќе од шест часа распоредени во два дена – се играше на разлика. Се разменуваа феноменални удари, а на крај Ѓоковиќ успеа да направи два гема разлика и да победи со 10:8 во петтиот сет.

Утре во големото финале Ѓоковиќ ќе игра против Јужноафриканецот Кевин Андерсон кој во полуфиналето исто така одигра меч за историја победувајќи го Американцеот Џон Изнер со 3:2, а петиот сет се играше во 50 гемови. По овој меч се повторија барањата по резултат 12:12 да е игра тај брејк зашто вакви мечеви се испрпувачки и нехумани.

Победата на Новак Ѓоковиќ и влезот во финале на еден гренд слем турнир по пауза по повеќе од една година ги враќа на сцена старите ривалства меѓу него, Рафа и Федерер, и недостасува само враќањето на Енди Мареј.