Министерот за здравство Венко Филипче конечно ги покажа на јавноста фрижидерите со кои се фалата од лани. Тој на својот фејсбук-профил информира дека фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени.

– Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, напиша Филиче.

Инаку, денеска во земјава пристигнува првата пратка вакцини од Република Србија. Примопредавањето ќе се изврши на граничниот премин Табановце, а на него ќе присусствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.Станува збор за 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија,  а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.