Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека во справувањето со коронавирусот има заштита опрема сосема доволно, се користи соодветно, а лекарите имаат искуство како се користи.

-Има соодветна едукација и тие имаат искуство во користењето на таа опрема. Дел од вкупните резерви на Министерството за здравство физички стојат на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче. Додаде дека и согласно увидот што го направил Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тој процес е целосно запазен согласно сите протоколи и критериуми и се одвива во најдобар ред.

Министерот Филипче посочи дека е во редовна комуникација со директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со лекарите кои ги водат пациентите, посебно во делот за интензивна нега.

Филипче информира дека засега ставот на Комисијата за заразни болести е дека се продолжува со истата стратегија, односно се тестираат за присуство на вирусот симптоматските пациенти, а се следат нивни примарни и секундарни контакти, според ризикот. Доколку некој од нив е со симптоми тогаш се прави тестирање.

Прашан дали се размислува медицинскиот персонал да биде изолиран, Филипче рече дека здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и ГОБ „Осми Септември“ работат по протокол, со заштитна опрема, имаат и систем на ротација, имаат распоред на своите клиники.

-Доколку се изнуди потреба може да организираме и сместување, но засега не се изнудила таква потреба, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за коронавирусот, Филипче рече дека се работи за болест која има многу непредвидлив тек, а влошувањето доаѓа нагло, како ниедна состојба досега. Според последните објавени студии и списанија за медицински науки, смртноста на пациенти кои се поставени на респираторна машина е 97 отсто и за жал, како што рече, многу малку од тие пациенти се спасуваат зошто ни респираторната машина во една таква тешка форма не може да даде посакуван ефект.

Филипче рече дека овој вирус не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. И покрај интензивната терапија, болеста е таква што не може ништо да се направи, односно дадената терапија нема ефект. Додаде дека има многу претпоставки за тоа по кој механизам вирусот ги напаѓа сите органи