Според министерот за здравство Венко Филипче, заразениот од Тетово, две седмици лежел во Заводот за рехабилитација во Скопје. Оттаму, пак, според новинарка од Тетово која го пренесе сведоштвото на неговите блиски, бил пренесен со возило на итна помош во Тетово, иако бил заразен. Според новинарката тој немал посети, па е нејасно како се заразил.

Филипче сепак тврди дека тетовецот кој бил неподвижен имал една посета од неговите (како можна причина за заразата, во спротивно Филипче би се соочил со нов скандал), иако досега кај никој од неговите не е утврдено присуството на вирусот. Тој бил пренесен дома на 23 март, па ако лежел две седмици, тоа значи дека во Заводот бил примен некаде околу 8-9 март. Меѓутоа, забраната за посета на болни во сите медицински установи беше донесена по утврдување на првиот случај на заразен од корона на 26 февруари, а истата забрана важеше и претхдно поради епидемијата на грип.

Како и да, иако сме научени на пропусност при псетите кога  е во прашање обичниот грип, работата стана сериозна по првиот случај со корона и забраната за посета. Како тогаш неподвижниот тетовец добил посета, на што алудира Филипче како можен извор за неговата зараза?

Одговорот можете да го претпоставите: Заводот не е болница, не е клиника итн. Тоа што таму лежат луѓе со тешки повреди, на кои роднините нужно мораат да им доставуваат нужни работи бидејќи тоа не им е обезбедено, нема врска. Нели.