Утрово грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис ме извести дека на 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ за македонските граѓани, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
– Граѓаните кои планираат да патуваат во Грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19. Искрено се надевам дека оваа одлука нема да се промени заради евентуална промена на епидемиолошката состојба во двете земји. Во следните денови ќе ги договараме деталите околу усогласување на сертификатите за вакцинација, објави Филипче на Фејсбук.