Две родилки во Македонија починаа в болница во последното деноноќие како последица од Ковид-19.

Двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната на 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба, објави Плусинфо.

Повеќе информации се очекуваат од здравствените институции во текот на денот.