Во многу обраќања пред граѓаните, Венко Филипче пред половина година не штедеше убави зборови за истиот тој Сашко Митовски по кој денеска фрла со дрвја и камења и го куди за соработка со Христијан Мицкоски, пишува Курир.

Му држеше и чадор на настани, а во говоранциите саде епитети, суперлативи и ловорики. Арно ама, тогаш во СДС ја немаше паниката дека врхушката ќе мора да одговара за стореното (читај украденото) во периодот 2017-2024 г. Тоагаш беа други, смирени луѓе, тогаш не се караа со новинари по настани, не лажеа-сушеа, не измислуваа мигранти, банкрот на државата, тогаш беа мирни, тазе паднати од власт. Сега, пак, се како паднати од Марс.

Еве, како пред 6-7 месеци лафеше Венко за Сашко, каде во серија говоранции истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа само благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим. На Сашко де.

„За резултатот на Сашко во Крива Паланка јас вечерва нема зборувам. Вие тоа го знаете многу добро, се гледа на секоја страна во Крива Паланка, каде и да се заврти човек, делата зборуваат гласно. Овде се работело, а граѓаните тоа го гледат, го живеат секој ден.“, свика на 29 август 2025-та Филипче.

Сметам дека Сашко заслужува да биде изгласан од граѓаните на Крива Паланка, вресна Филипче.

„Крива Паланка е, би рекол, единствен град во државата кој претрпе целосна трансформација за време на неговиот мандат. Средени и асфалтирани улици, осветлени и безбедни места, паркови за деца, реконструирани училишта, спортски сали, средено корито на реката, убав плоштад на којшто може да се прават настани“, рече Филипче гордеејќи се со Митовски.

Претседателот Филипче додаде дека Сашко е прототип за тоа како треба да изгледа еден градоначалник – чесен, работлив, отворен за сите, не прави дискриминација по ниту една основа, најмалку партиска.

„Верувам дека на изборите во октомври нема да победи само Сашко и СДСМ, туку тоа ќе биде една голема победа за сите граѓани на Крива Паланка“, порача насмејан до уши претседателот на СДСМ Венко Филипче.

А сега, вокабуларот сменет 180 степени. Во стилот на волшебникот Тарара, кој е 5 минути добар и следните 5 минути лош, сега муабетот за истиот тој  Сашко оди вака:

„„Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски!

Градоначалниче – референдум!

Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат.

СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција!“ вреснаа од СДС утрово.

Да, сега истиот тој Сашко да бил трујач на кривопаланчани, ортак и измеќар на Мицкоски, непочитувач на гласот на кривопаланчани, за кои Венко познат како Заев Трети и Кралот Зајдисонце реално – нема поим дали или не сакаат рудник и нови вработувања.

Тоа можеби и не знае, но знае дека доаѓа времето на одговорност…