Секој ден прегледувам пациенти, еднаш неделно одам во опеарциона сала, редовно им држам предавања на студентите, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за емисијата „360 степени“ на МРТ.

Тој тврди дека и покрај политичките обврски, секојдневно работи со пациенти, а еднаш неделно влегува и во операциона сала. Вели дека никогаш не ја напуштил својата професија како неврохирург, а како професор бил активно вклучен и во наставниот процес на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, каде што држи предавања и испити за студентите.

– Прегледувам пациенти секој ден, доаѓаат луѓе за консултација, мислења, а еднаш неделно влегувам во операциона сала. Држам и предавање и испити. Јас предавам васкуларна неврохирургија, траума… Ние имаме еден специфичен начин, поделени се студентите од петта година во повеќе групи, точно се знае во семестарот кога се предавањата, изјави Филипче, пренесува СДСМ на нивниот официјален ФБ профил.

Филипче вели дека ги обединува медицината и политиката да им помогне на луѓето.

– Предизвикот е на двете места еднаков. Во едната ситуација се спасуваат животите и веднаш се видливи резултатите. Во другата ситуација, во политичкиот живот, резултатите доаѓаат малку подоцна. Меѓутоа, што ги обединува двете работи? Желбата и волјата да им се помогне на луѓето. И сметам дека политиката дава дополнителни инструменти преку имплементирање и креирање на политики, да повеќе луѓе видат бенефит, повеќе луѓе конечно живеат подобро и во држава како што замислувале со децении наназад, вели Филипче.

Збунувачки е ова што го тврди лидерот на партијата која секој ден држи прес-конференции, многу често токму тој. Филипче има натпросечно енергија да завршува толку работи во еден ден или за него денот трае повеќе од 24 часа!?

Ивор: https://www.facebook.com/photo?fbid=1531733824984771&set=a.477506693740828