Претседателот на СДСМ, Венко Филипче не пропушта шанса на странците да им презентира лажни вести и црни сценарија за Македонија, објави Курир.
И на денешната дежа-ви средба со делегацијата од Сенатот на Француската Република, Филипче во свој стил изрази наводна сериозна загриженост за евроинтегративниот пат на Македонија и за начинот на кој Владата го води процесот, „случајно“ од збор до збор делејќи го идентичниот вокабулар со официјална Софија. Филипче во СДС-манир, народски кажано искодоши дека лошите политики на Владата во повеќе клучни области веќе демек биле нотирани и во извештаите на Европската комисија, особено во делот на владеењето на правото, правосудството и медиумскиот плурализам, се вели во соопштението од СДС која го пренесе интегрално неговиот пробугарски настап пред Французите.
-Лично многу загрижен за евроинтегративниот пат на земјата и за перформансот кој што оваа Влада го има во изминатиот период во неколку сфери. И тоа е перформанс на кој што забелешки имаат дадено европските институции, влезени се забелешки во репортите на Европската Комисија во неколку важни сфери“, им рекол на сенаторите Филипче.
Тој во улога на бугарски портпарол им пренел на сенаторите од Франција дека особено го загрижувала состојбата со владеењето на правото, особено во однос на јавно мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на премиерот. Не кажал дека причината заради која буквално неможе да спие се однесува на случаите Модуларна болница, Мазут, Љупче и пченицата од државни резерви, марихуана, РЕК Битола, Лотарија и сите други поврзани со него и СДС челници.
„Во сферата на владеење на правото, сведоци сме на јавна критика што мислам дека е недозволиво од страна на премиерот, повикување на одредени судии, обвинители и така натаму. Понатаму, недоволниот буџет кој што ја оделем за правосудството, сметам дека е тоа нешто што не треба да биде така, поради тоа што соодветното буџетирање со област на европските стандарди е нешто што во оваа, навистина, лоша ситуација со довербата во правосудството кај нас, како еден од чекорите кои што тој систем треба да го зајакнува“, ги кажал Венко секојдневните лажни ламентации на Богданка и Јон од говорницата на Бихаќка.
Во обраќањето, Филипче укажа и на сериозните забелешки кои само во нивните глави постојат во делот на медиумскиот плурализам, а дополнителна загриженост кај СДС предизвикува и влезот на странски медиуми и начинот на кој тие добиваат дозволи за функционирање во земјата.
„Во нашата земја, околу 40% од медиумите се во сопственост на луѓе близки на поранешниот премиер Виктор Орбан, премиерот на Унгарија. Телевизиска станица, портали и така натаму.Меѓутоа во изминатиот период сме сведоци дека голем притисок и влез на српски медиуми во земјата и тоа на многу, би рекол, незаконски начин, затоа што постојат канали кои што доаѓаат преку српскиот Телеком и кои што имаат незаконски добиена лиценца од страна на независниот регулатор“, истресол пред сенаторите Филипче.
Филипче предупреди дека времето минува и дека Македонија ризикува да остане надвор од процесите што веќе се отвораат за други земји, нудејќи се со тоа со две раце да прифати промена на уставот, секако, кога би бил на власт.
„Ако оваа влада обезбеди подобри услови во преговорите или гаранција дека во иднина нема да бидеме повторно блокирани на евроинтегративниот пат, ние тоа ќе го поддржиме. Но се поставува прашањето што доколку нема и не се обезбедат гаранции, и докога ќе се обидуваат да се обезбедат некакви гаранции, затоа што времето поминува“, рече во улога на софиски мегафон лидерот на СДС, Венко Филипче.

Извор: Курир




