Филипински брод денеска се судри со кинески брод во Јужното Кинеско Море, недалеку од островите за кои се спорат двете земји, соопшти кинеската крајбрежна стража.
-Бродот за снабдување на Филипините игнорираше бројни предупредувања од кинеска страна, се приближи до кинескиот брод на непрофесионален начин и предизвика судир, се вели во соопштението, пренесе Бета.
Филипинскиот брод илегално влегол во водите во близина на гребенот на островите Спретли, или Нанша, како што ги нарекува кинеската страна.
Кина има претензии за речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги и водите и островите во близина на брегот на неколку соседи, и покрај пресудата на меѓународниот суд во 2016 година.
фото: ЕПА