Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека ЕУ мора да продолжи да купува нафта и природен гас од Русија, зашто со ембаргото таа ќе стане уште побогата оти ќе продава на други пазари каде цените се повисоки.

Фон дер Лајен во интервјуто за ТВ МСНБЦ вели дека за да се спаси Европа од (Владимир) Путин, ЕУ мора да продолжи да купуваме руска нафта и да овозможи помал профит за Путин.

Таа тврди дека ако ЕУ запре со набавка на руска нафта Путин ќе ја продаде на друго место и ќе профитира повеќе од повисоките цени на светските пазари, и затоа според неа е подобро Унијата да купува руска нафта и да не му се дозволи на рускиот претседател да профитира уште повеќе.

-Ако денес целосно престанеме да купуваме руска нафта, тој (Путин) веројатно ќе ја пренесе таа нафта, која не ја продава во Европската унија, на светскиот пазар, каде што цените ќе скокнат и тој ќе добие уште повеќе пари за дополнително да ја надополни својата воена каса. Треба стратешки да размислуваме за ова прашање, рече Фон дер Лајен во интервју за телевизијата МСНБЦ.