Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката од шампионатот во Формула 1 возена вечерва на патеката „Жак Вилнев“ во Монтреал, Канада.

Британецот всушност втор ја заврши трката зад Себастијан Фетел, но пилотот на Ферари беше казнет со пет секунди заради непросписен маневар при враќање на патеката по едно излетување и на крајот мораше да се задоволи со втората позиција.

На подиумот се искачи и трето пласираниот Шарл Леклер од Ферари.

Пласман од 4-10.место: Ботас, Верстапен, Рикардо, Хулкенберг, Гасли, Строл и Квајт.

За Хамилтон ова беше петта победа во седмата трка сезонава и вкупно 78 во кариерата.

Во Генералниот поредок Хамилтон е лидер со 162 бода, Ботас има 133, Фетел е трет со 100 бода.

Следната трка ќе се вози на 23 јуни за Големата награда на Франција.