Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска и утре ќе учествува на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за РС Македонија.
Како што соопштија од владината прес-служба, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Македонија, во рамки на форумот владината делегација, во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, ќе оствари средби со претставници на реномирани австриски компании.
Попладнево, предвидена е и средба помеѓу премиерот Заев и поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер, додека утре премиерот Заев ќе се сретне со Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, се наведува во соопштението.