Спортските риболовци денеска добија „конкуренција“ од министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој не фати златна рипка, но улови „сребрена попадика“ на Беличка Река.

– Дружба со весели рибари во преубавата природа на Поречието, местото каде исконски бистрата и кочан ладна Беличка Река се слива во Треска. Си фатив и една сребрена попадика. Ја пуштив назад, со молба да ми исполни една желба, објави Димитров на Фејсбук.

Интересно е тоа што спортските риболовци не одат во костум и бела кошула на риболов, но кога е изборна кампања и додворувања на сите страни, дозволено е и тоа. А би било малициозно ако се поставува прашањето: Дали новиот спортски риболовец има годишна легитимација, која задолжително мора да ја поседува секој рибар, како и задолжителна дневна дозвола, за да се лови легално.

Но, изборна кампања е, баталете бели кошули, легитимации и дозволи… Се е сега дозволено!

(Д.Г.)