Министерот за надворешни работи Никола Димитров бил визионер и затоа стана шеф на дипломатијата.

Тој уште во 2016-та година мудро предвидел:

– Во Македонија има две институции што функционираат: СЈО и кафана!- твитнал на 27 септември 2016 година.

Ова е доказ дека Македонија има визионери на власт како Димитров, ама и „мрачни сили кои им копаат дупки во асфалтот“ на патишта што водат кон ЕУ. И „измислуваат лажни видеа“ за рекет поврзан со СЈО. И згора на се, ги објавуваат во Италија, со што и нанесуваат штети на северно-правната држава во Македонија.