Интересни се „стручните“ анализи на ТВ дебатите, но ни малку понеинтересни не се и „нестручните“ анализи на актуелните политички настани на социјалните мрежи.

– Кога дојде живот, кога замина… никој не го виде- пишува во коментари на социјалните мрежи, за мапите од изборните резултати на вчерашните избори.

Познато е дека СДСМ на претходните локални и парламентарни избори одеше со паролите „живот за сите“, а потоа и „дојде живот“.

На мапите се претставени резултатите од претходните локални избори и резултатот од вчерашните претседателски избори.