Двојазичните табли во Тиквешко, кои беа поставени на подружниците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не го издржаа ни 24 часа револтот на граѓаните на кои премиерот Зоран Заев им ветуваше дека нема шански за двојазичност во средините каде што нема албанско население.

Покрај Неготино, двојазични табли беа поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско осигурување во Кавадарци и Прилеп, но истите набргу ги снемува.

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, во Неготино исчезнаа по 24 часа, а за Прилеп досега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

За потсетување премиерот Заев во едно негово гостување воТВ емисија убедуваше дека до такво нешто нема да дојде.

– Кој бе тоа ќе спроведе двојазичност во Радовиш, Струмица, Прилеп, Кавадарци…? Глупости невидени, до каде забегаа, истакна тогаш Заев во време на предизборната кампања во 2016 година.