Рано утрово, експресно е кренат и однесен саркофагот кој беше пронајде при уредување на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во Карпош 4. Наместо да се обезбеди месттото, да се прекинат работите се додека не се види дали станува збор за некое поголемо наоѓалиште, саркофагот е отстранет од местото, со образложение дека таму нема ништо и дека саркофагот го донела некоја голема вода, иако, дури и на лаиците им е јасно дека ако тоа е така, тогаш, капакот на саркофогат кој е полесен и телото на саркофагот не би биле на едно место. Но, кога станува збор за оваа власт, ова воопшто не е чудно. Впрочем, саркофагот е од античко време, а тоа не е наше, па немаме зошто да се грижиме, нели?