Ги нема легенадарните паркобрани, храбрите борци за дрвја и тревки, па завладеаја секирите и моторните пили и дрва за огрев се берат и во парковите.

За жал, фејк њус е насловот дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и на Општина Аеродром Златко Марин, садат дрвја. Точната вест е дека дрвја се сечат, што може да се види и од фотографиите на екологистите објавени на социјалните мрежи:

– Масовно сечење дрвја во Аеродрм, кај хотелот Хилтон. Зошто ова се случува? Дали Шилегов и Марин ќе дадат објаснување?- прашуваат на Фејсбук екологистите од „Скопје мора да дише“.