Откако завршила денешната прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, премиерот Зоран Заев добил закана преку социјалните мрежи „куршум во чело“ и ја пријавил во полицијата, кажа во Собранието.

– Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне, гласела пораката рече Заев и им ја прочита од својот мобилен телефон на пред пратениците во македонското Собрание.

Заев рече дека коментарот во порака со заканата му ја препратила неговата ќерка.

Тој изјави дека се знае идентитетот на човекот, кој коментирал, а случајот бил пријавен во МВР и како што рече ако законот утврди одговорност тој треба да си ја сноси.