Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Битола на кој беа претставени кандидатот за градоначалник Коњановски и кандидатите на советничката листа, истакна дека заеднички патриотизам е кога борбата против криминалот во Македонија ќе биде бескомпромисна и кога повеќе со Битола и градовите низ државата нема да бидат градови на кланови.

Мицкоски посочи дека заеднички патриотизам кога ќе се стави крај на клановите, а градовите ќе бидат на народот, кога сите граѓани ќе бидат обединети за заедничка иднина каде тендерите нема да завршуваат во приватни џебови, а  граѓаните ќе имаат европски стандард.

– Заеднички патриотизам е да обезбедиме повисоки плати. Да има повеќе пари за народот во својот џеб. Да изградиме нова клиничка болница која нема да вреди половина милијарда евра затоа што овие од здравство бркаат дебели провизии. Кога ќе имаме задоволни земјоделци чија пот и мака ќе бидат исплатени до последниот денар, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека заеднички патриотизам е да се бориме за квалитетно образование, а не образование со електронски учебници само затоа што треба да има тендери што ќе завршат во приватни џебови.

– Заеднички патриотизам како да создадеме е напредна Битола и напредна Македонија, кои ќе имаат стандард како Виена и Австрија. Да градиме мостови на соработка со соседите, а не кукавичлукот на премиерот кој ни го продава тоа како храброст. Да се бориме за патишта и паркови и во Тетово, и во Куманово, во Битола, во Скопје, секаде низ Македонија.  Да создаваме дела кои ќе создаваат нова иднина, нагласи Мицкоски.

Тој потенцираше дека затоа е новата иднина и затоа се потребни промени, проекти и победи и дека тоа што го зборува го има во програмата на секој иден градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија