Македонците ги има на сите континенти. Во Северна Кореја живеат 14 македонски граѓани, а ги има во речиси сите земји од Африка, како и на Антарктикот, покажал електронскиот попис на македонски граѓани во светот.

Kaко што може да се види од табелата, Македонци живеат на Малдивите, во Доминиканската Република, а дури и на Антарктикот. Во секоја земја во Африка живее барем по еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 200 македонски граѓани живеат на овој континент.

Најмногу Македонци 43 има во Мали, во Египет 23, во Гана 16, во Судан 15, во Танзанија 6, во Нигер 2 итн. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија 16 во Палестина…

Пописот заврши вчера во 20 часот. Од ДЗС тврдат дека пописот бил успешно реализиран и најдоцна по шест месеци ќе има податоци. Попишани се над 1,8 милиони луѓе во Македонија.

Табелата може да ја погледнете ТУКА.