Охрид беше домаќин на изложба на 36 автомобили олдтајмери, произведени од 1923 до 1936 година.
Најстариот беше од 1923 година, модел Бентли Суперспорт, а еден дел од нив во минатото биле користени како тркачки автомобили во Англија. Сопственици на олдајмерите се пасионирани љубители од Холандија, Белгија, Германија и Англија кои Охрид го одбрале како дестинација од нивната маршута Рели Адриатик.
Тие во Охрид пристигнаа на пат од Трст во Италија низ Словенија, Хрватска, Црна Гора и Албанија.
Олдтајмерите предизвикаа голем интерес кај охриѓани и туристите. Организатор на настанот е ФИА Адриатик.