Јавноста ја дозна вистината за Рекет, потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот кој очигледно води директно до белиот дворец, изјави денеска портпаролот и бивш пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Објавени снимки потврдија дека Христијан Мицкоски имал средби и директна соработка со веќе осудениот Зоран Милески Кичеец. Еден ден по објавувањето на вистината Мицкоски се уште се нема појавено во истржниот затвор „Скопје“ популарно наречен Шутка. Иако, Мицкоски јавно, во едно интервју рече дека сам ќе се пријавел во затворот Шутка ако се објави доказ дека тој имал нешто со Кичеец. Додека размислува за сопственото пријавување Мицкоски треба да одговори:Што сакаше да сокрие Мицкоски со неговите лаги? Дали сакаше да ја сокрие поврзаноста со Кичеец и Орце Камчев? Или можеби поврзаноста со случајот „Рекет“? Дали на оваа средба од која искочија неколку снимки се разговарало и за други задачи кои требало да ги изврши Зоран Милески – Кичеец?Очекуваме дека Мицкоски ќе одговори на сите овие прашања. Ви благодарам, изјави Костадинов.
Колку лесно Костадинов го „разоткри“ криминалот во Македонија. Прилог за тоа се и фотографиите подолу со главните актери во аферата Рекет.