Паролата на шарените револуционери „грда ви е оградата“, денес е поактуелна отколку во времето на тн. шарена револуција во Македонија, кога се палеше канцеларијата на шефот на државата, се шлакаше со бои по фасади и се уриваше „режимот“.
Oградата за која станува збор е таа на објектот на Владата на Република Македонија, изработена од ковано железо, кое откако дојде „демократијата“ во Република Македонија беше урната, оти им беше грда, а сега за време на протести се заменува со „високо естеткска“ полициска.
Сегашнава власт ја урна со образложение дека Владата сака да им ја приближи на граѓаните, огради не им требаат, во дворот на владата сите се добредојдени, како на пикник.
Но, кратко траеше преминот од „режим во демократија“, барем според полициската ограда која се поставува пред Владата на премиерот Зоран Заев, кога се најавени протести.
Останатиот дел од приказната „читајте го“ од галеријата фотографии што ги објавуваме од шарената револуција до денес.
(Д.Г.)