Поранешниот градоначалник на Копар, Борис Попович, осуден е на затворска казна во траење од шест месеци, условно на две години.

Тој е осуден поради сексистичка изјава за новинарката Еугенија Карл во 2013 година. Попович, кој од 2002 до 2018 година беше на чело на петтиот град по големина во Словенија, ги коментирал градите на репортерката на РТВ Словенија, пренесува СТА.

И додека судот во Копар му изрече условна затворска казна во граѓанската парница, Окружниот суд во Љубљана, каде што Карл поднела кривична тужба, Попович веќе го казни со 3.500 евра.

Попович не ја коментирал пресудата за СТА, а Карл рекла дека тоа е победа не за нејзе туку за општествената нормалност. Таа додава дека вакви лични напади не може да останат неказнети во цивилизирана европска земја.

Репортерката вели дека судот го штител „уставното право на човечко достоинство и личниот и професионален интегритет“ и дека ја одбил злоупотребата на слободата на говор за политичка присила и замолчување на новинарите.

Карл, заедно со уредничката на РТВ Словенија, Мојца Пашек Шетинц, исто така го тужела и лидерот на Демократите (СДС), Јанез Јанша, поради навредлива изјава.

Поранешниот премиер Јанша, на својот налог на Твитер во 2016 година ги нарекол Карл и Шетинц „испрани проститутки“ чии „евтини услуги“ биле на понуда на „ФБ страница на јавна куќа“.

Сексистисчката изјава на Попович била дадена во 2013 година: новинарката Еугенија Карл

Новинарката Еугенија Карл со уредничката Мојца Пашек Шетинц, исто така го тужела и Јанез Јанша