По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје беше изведена почесна артилериска стрелба.
Единица од Артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија, во чест на Денот на независноста.

Со пригодната артилериска стрелба, припадниците на Армијата дадоа свој придонес во одбележувањето на 8 Септември и 35-годишнината од независноста на Македонија.




