Огромно албанско знаме денеска е поставено на врвот на Самоиловата тврдина во Охрид, објави порталот Охриднет.

Повеќеметарско албанско знаме е поставено од четворица непознати сторители, а како што пишува охридскиот портал, не е познато кој и зошто поставува национални симболи на туѓа држава на ѕидините на Самоиловата тврдина.

Сличен ваков инцидент имаше во 2013 година кога на ѕидините на Скопското кале кога група Албанци се обидоа да го развеат албанското знаме. Тогаш реагираше полицијата.

И овој случај е пријавен во СВР Охрид.

Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, знамето на Република Македонија мора да биде истакнато заедно со она на заедницата и од него да биде поголемо за една третина. Во член 8 од овој закон е наведено: „Знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња“.

Според истиов закон, за прекршителите се предвидени казни во износ од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност.