Белградското семејство Новаковиќ во Србија ја смени својата христијанска вера.

Своето преминување во ислам во Мелајска џамија, го потврдиле, јавно пред присутни сведоци и имамот на истата џамија, пишува Санџакпрес.

Брачниот пар Бојан и Наташа со синовите Филип и Огнен шехадетот го кажале пред имамот Асмир еф. Црновршанин.

После прифаќањето на исламот брачната двојка ги зела имињата Исмаил и Едина, додека децата ги добиле имињата Есад и Хамса.

Имамот изјавил дека ова не е прв случај и се надева дека ќе има уште многумина кои ќе ја прифатат вистинската вера. После прифаќањето на верата следувала и шеријатска венчавка.

Луѓето кои ќе се одлучат да станат муслимани мораат да го изговорат шехадетот на арапски јазик, а се препорачува да го изговорат и на својот мајчин јазик, пред некој овластен имам, или муслиман со најмалце двајца сведоци.
После тоа, лицето се здобива со целосно право да се нарекува муслиман.