Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која денеска имаше поход на Галичица, со војници и амбасадори, во својата дневна агенда успеа да запише уште еден успех – го внесе НАТО во Брајчино, кај „руралните жени“.

– Ние во НАТО, а НАТО во Брајчино! Се уверивме зошто „Руралните жени на Преспа“ имаат толку голем успех – нивните специјалитети го имаат вкусот на убавата преспанска традиција. Го почувствувавме и прочуеното гостопримство на Брајчино. Прекрасна Преспа, објави на Фејсбук министерката и вицепремиерка Шеќеринска.

Така, според Шеќеринска, НАТО влезе во Брајчино пред ние (Македонија) да влеземе во НАТО.