Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред една година, духовито и џентлменски се обиде „да направи поткуп со домати во ЕУ“ ветувајќи пакет домати за секоја земја која ќе го поддржи почеток на преговори на Македонија со ЕУ.
– Највкусниот домат во светот! Кој и да го поддржи почетокот на разговорите за пристапување на Македонија со ЕУ следната недела, ветуваме дека ќе ви испратиме пакет со свежи македонски домати по пошта, напиша пред една година Димитров на Твитер.
Мина таа следна недела, доматите од Димитров не дадоа ефект, еве мина и цела година, а ефектот е никаков.
Димитров уште лани доби одговор од опозицијата што ќе се случи:
– Скапаа доматите од годинешната реколта, а Зоран Заев и Никола Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ. ЕУ бара резултати, а не препродавачи на име и домати, му одговорија лани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Домат дипломатијата на Димитров го доживеа својот дебакл. Доматите кои требаше да патуваат во ЕУ скаапаа.
– Господине Димитров, младите немаат ама баш никаква корист од вашата домат дипломатија. Македонија останува закопана и обезличена заради вашата неспособност која ја компензирате со крајна несериозност. Знаеме дека не сте се мрднале од скапите фотелји за да ја видите маката на земјоделците, да произведат гајба домати и дека мува не ве лази дали и во наредната година тие ќе имаат пласман или ќе ги продаваат по рекордно ниски цени кои не ги покриваат ниту трошоците на производство, му порачаа од опозицијата.