Бившиот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Зев нагази во петта брзина со вработувањето откако веќе не е премиер, а се ближи 12 април, денот на изборите.

– За 2 и пол години владата на ВМРО-ДПМНЕ вработила 24.134 лица, а Владата предводена од СДСМ 67.470 лица. Разликата е огромна! Владата на СДСМ вработува многу повеќе, објави пред малку Заев на Фејсбук.

Во рок од само неколку месеци бројот на лица кои ги вработила неговата Влада почна „срамежливо“ од околу четириесетина илјади, дојде до 49 илјади, скокна преку 50, па 60 илјади… И вечерва стигна преку 67.000 нововработени.

Ова веќе сериозно навестува дека наскоро ќе снема работна сила во Македонија. Ако некогаш неговиот сопратиец и тогашен лидер, Бранко Црвенковски ветуваше „на 15 септември“ по еден вработен од секое семејство, Заев ќе го престигне со по две работни места за по еден од секое семејство.

Мал проблем претставува само тоа што, кога бројки на вработени се тресат од ракав, од озвучувањето се слуша песната „Лажи, лажи Вере…“ Тоа добро го знае од искуство на прес-конференции сопартиецот на Зев, сограѓанинот и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

(Д.Г.)