Фотографија на јајце го собори претходниот рекорд на Кајли Џенер, која доби најмногу лајкови на една објава на Инстаграм. Џенер ја држеше водечката позиција со 18 милиони лајкови, а сега број еден е јајцето.

Неверојатната кампања беше покрената на таа социјална мрежа пред 10 дена откако корисниците одлучија да ја тргнат од тронот фотографијата на светски познатата Кајли Џенер со нејзината ќерка.
„Одиме да го поставиме светскиот рекорд на лајкови, па ова нека биде најлајкуваната фотографија овде. Моменталниот светски рекорд е 18 милиони лајка и е поставен од Кајли Џенер. Одиме да ја победиме”, се вели во описот на фотографијата на која е само јајце.

Јајцето со неверојатна брзина стана вирален хит, и доби повеќе од 23 милиони лајка.