Фотографија, која кружи на социјалните мрежи, а на која пишува дека се работи за Плитвички езера во Хрватска предизвика лавина од коментари во регионот.

На фотографијата се маж и жена, кои гледаат слонови како се капат, а во описот пишува дека тоа се случува на Плитвичките езера во Хрватска.

Покрај коментарите, некои досетливи твитерџии поставија и други фотографии со кои се обидуваат да го насликаат регионот.

Така, беа објавени фотографии од лавови на местото Копачки Рит во близина на Осиек, белградскиот проект за вода во футуристички изглед и многу други.